Клубот на Оратори е единствената сертифицирана организација во Република Македонија која се занимава со јавно говорење и реторички вештини. Клубот е основан 2001 година од група млади ентузијасти, учесници на Ораторските вечери „Иво Пухан“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Од своето формирање до денес, Клубот брои повеќе од 400 членови, најчесто студенти и средношколци. За сиве овие години, низ школата за јавно говорење и реторички вештини на Клубот, поминале бројни личности од јавниот и медиумскиот живот во Република Македонија. Сите оние кои сакаат да бидат наши членови се здобиваат со можноста да ги совладаат техниките на Јавното говорење а со самото тоа и да бидат поуспешни во својата професија. Кај нас, освен тоа како да бидете добар говорник ќе научите и како успешно да ја совладате тремата, да ја подобрите дикцијата, правилниот изговор, да ја развиете способноста за пишување (говори, тези, есеи), како и што по успешно да напишете CV и да се претставите на интервју за работа.

Цели и задачи на Клубот на Оратори:

- Откривање, поттикнување, анимирање, обучување, и афирмирање на идните потенцијални ретори;

- Поттикнување и развој во есеистиката и говорништвото;

- Промовирање на принципот на етичност во говорењето;

- Развивање на индивидуални стилови во говорењето и ослободување и развој на мислата;

- Афирмирање на младиот човек во сферата на општествениот живот;

- Промовирање на натпреварувачкиот дух на домашен и меѓународен план;

- Држиме обука по Реторика и Јавно говорење на Правниот факултет „Јустинијан I“ – Скопје;

- Држиме обуки по Реторика и Јавно говорење низ средните училишта на Град Скопје;

- Дел сме од организациониот одбор на Ораторската вечер “Иво Пухан”на Правниот факултет;

- Организираме трибини и панел дискусии на актуелни теми од сферата на општествениот живот;

- Организираме работилници за нашите членови со цел совладување на пооделни реторски вештини;

- Организираме Семинари на најразлични теми низ Балканот во соработка со нашите колеги од другите Балкански држави.