На ден 6.11.2019 година Клубот на Оратори организираше Собрание, на кое се бираше претседател и членови на Извршниот одбор.

За претседател на Клубот на Оратори е избрана Марија Смилковска, 20години, студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје насока правни студии.

Марија со ораторството се занимавала уште од средношколски денови, потоа станала член на Клубот на Оратори а сега и претставува особена чест и задоволство што  е претседател на Клубот.

За потпретседател на Клубот на Оратори е  избрана Билјана Јанева - магистрант на Правниот факултет „Јустинијан Први“  насока применета политика и политички систем.

За членови на Извршниот одбор на Клубот на оратори - Forum Oratores  се избрани:

Валерија Крстева - член

Марија Даниловска - член

Никола Крстевски - член

Елена Петрушевска - член

Драган Бојковска - член

Елена Јаман - член

Војдан Џилвиџиев - член

Биди оратор, говори моќно!

Categories: ko